Малите бањи во повеќето станови се голем проблем, бидејќи потребните елементи за бањата треба да се сместат само вео неколку квадрати, а притоа да ги задоволат и исполнат естетските барања. Но, изборот на боја на ѕидовите, моделот на плочките и ситниците како полици и огледало можат да го заштедат просторот и да го направат визуелно поголем. Ние ви носиме пет трикови за максимално искористена мала бања.
- Огледало во улога на основен елемент
Огледало, наместо класично кое завзема место над мијалникот, заменете го со поголемо чија должина достигнува до подот. Со помош на одразот во огледалото, бањата визуелно ќе изгледа поголема и поинтересна. Наместо плакари под мијалникот, во внатрешноста на ѕидот со користење на гипс картон можете да направите полици, ова практично решение не завзема простор, а ја решава потребата за простор за сместување на ситните работи неопходни за бањата.
- Игра на бои и дезени
Покрај белата боја која е сигурна варијанта во создавање на впечаток на поголема квадратура на просторот, истиот ефект го имаат и игрите со различни комплементарни бои. На пример, темна нијанса на плочки се одбира за подот, средна за облога на елементите во бањата, додека најсветлата оди на ѕидовите. Ако се одлучите за хоризонтални плочки, со нив ќе го проширите просторот, додека вертикалните ќе ја нагласат висината.
- Паметно искористени агли
За максимално да го искористите секој квадратен сантиметар на малата бања, играјте си со аглите на просторијата. Всушност, тие обично остануваат неисполнети, и лесно можете со неколку по мерка изработени полици да ги исполните или на една поголема полица да го сместите мијалникот.
- Избегнувајте масивен мебел
Поренатрупувањето на мал простор најмногу ги голта квадратите, а особено доколку долните делови ги загушите со некакви полици и масивни плакарчиња. Ако го ослободите просторот под мијалникот, значително ќе ги проширите квадратите, а покрај тоа комбинацијата на хоризонтални и вертикални плочки и тапетот ќе го направи истото.
- Високо поставени полици за складирање
Нивото на таванот, во просториите на домот ретко се добро искористени, а естетски прифатливи како во бањата. Во сместувањето на полиците нема правила, со нив можете да ги пополните и највисоките точки на ѕидот и на нив да и сместите крпите или другите материјали кои не се за секојдневна употреба.