Мојата кујна

Леб без брашно: Рецепт за сите оние кои сакаат да јадат и да изгубат тежина!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 3 јајца

* 100гр крем сирење

* ½ лажичка прашок за пециво

* прстофат сол

* хартија за печење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во еден сад одвојте ги белките, додадете малку сол и изматете ги во снег.

Во друг сад ставете ги жолчките, крем сирењето и пецивото и се добро изматете додека не добиете изедначена, мазна смеса.

Во добиената смеса постепено додавајте го снегот од белки, па полека и постепено измешајте го за да го задржи волуменот.

На плехот ставете хартија за печење, со лажица земајте од смесата и ставајте на хартијата, но оставете доволно растојание помеѓу.

Плехот ставете го во загреана и печете ги лебчињата околу 25 минути на 150 степени.

Совети:

Кога ке ги извадите од рерна ќе ве изненади нивниот изглед на варени белки, но не грижете се, токму такви треба да бидат, но не за долго. Имено, откако ќе се изладат, важно е да ги ставите во сад со хреметички капак и да ги оставите да преноќат. Во тој период во потполност ќе ја сменат текстурата и ќе почнат да личат на леб.

 

Write A Comment