Бадемите се овошје, Американците јадат тони храна, медот трае вечно и разни други работи кои не сте ги знаеле:
- Француски помфрит (French fries) не е француски
Помфритот кој на англиски се нарекува “French fries” всушност не е француски рецепт. Приказната за пржените компири е уште од првата светска војна кога американските војници биле стационирани на француска земја. Бидејќи војската јадела пржени компири кои премногу им се бендисувале, самите ги нарекле француски помфрит.
- Лососот кој го јадеме не е розев
Лососот кој не е одгледуван природно, се храни со планктон, од каде му доаѓа розевата боја. Останатите две третини лососи на пазарот доаѓаат од рибници и природно се со сива боја поради недостаток на храна односно топчиња кои му ја даваат розевата боја.
- Пченката секогаш има еднаков број на редови
Природата секогаш се грижи и одржува рамнотежа. Било која пченка ако ја одберете и и ги преброите редовите, ќе дојдете до парен број на редови.
- Сирењето не е за вегетаријанци
Пармезан, камемберт и елементалер вегетаријанците можат да го прешкртаат од својот список на јадење бидејќи во нивниот процес на правење присутен е ензим кој е добиен од животинско потекло.
- Секој втор сендвич продаден во Франција е хамбургер
Да. Можно е. Покрај сите француски ресторани, покрај бројните француски рецепти и јадења, оваа земја завладеа со синонимот на врвно кулинарство. Секој втор сендвич продаден во Франција е хамбургерот.
- Бадемите се овошје
Бадемите се во истата класа како сливите, праските и вишните, бидејќи неговиот плод спаѓа во родот прунус заедно со споменатите овошја.
- Медот неможе да се расипе
Медот никогаш неможе да се расипе. Колку долго и да стои, медот може да се врати во првобитната состојба. Сигурно знаете и дека доколку тој се кристализира, може да се врати во првобитната состојба каков што бил, односно густ и течен.
