ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
150 грама ориз
1 голема главица ситно сецкан кромид
1 голем морков
4 чешниња лук
1 црвена пиперка
1 жолта пиперка
1 луто феферонче (по желба)
250 грама шампињони
1 лажичка магдонос
вода по потреба
масло за пржење на зеленчукот
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во поширок сад ставете неколку лажици масло и додадете го ситно исецканиот кромид. Пржете додека не омекне кромидот околу 5 минути со повремено мешање за да не загори. Додадете го ситно исецканиот морков и пропржете неколку минути. Исчистете ги шампињоните, помалите пресечете ги на половина, а поголемите на четвртинки. Додадете ги во садот и пржете ги 4-5 минути, додадете ги пиперките и нив испржете ги неколку минути. На крајот додадете го ситно сецканиот лук и испржете ги сите состојки заедно.
Во зеленчукот додадете го оризот и испржете го многу кратко заедно со зеленчукот, и постојано мешајте. Додадете малку вода и варете го додека оризот не стане стаклест и не заборавајте често да го мешате. Варете го на овој начин додека не омекне, обично треба околу 15-20 минути. Додавајте вода по потреба.
Кога рижото е готово послужете го во чинија додадете исецкан магдонос и послужете. Нарендајте пармезан по желба и послужете со зелена салата.
