На иста адреса

Запознавање со учесниците на Првото Македонско Музичко Реално Шоу “На иста адреса“: Горан Ристовски

Со воведувањето на оваа рубрика, поради големиот интерес на македонската јавност ќе им овозможиме на нашите фанови подетално да ги запознаат учесниците на Првото Македонско Реално Музичко Шоу “На иста адреса“.

Секојдневно ќе објавуваме кратки профили за секој кандидат поединечно, како и најинтересните моменти од куќата каде сите тие престојуваат.
Македонија повторно докажа дека и тоа како има со што да се гордее, а уште еден пример за тоа е учесникот на Првото Македонско Реално Музичко Шоу “На иста адреса“, Горан Ристовски – момчето со одлични вокални способности.

Еве како ни се претстави Горан Ристовски:

Роден сум 1979 година во Велес. Имам двајца браќа (Звонко и Даниел). Татко ми се вика Димо. Имам завршено средно училиште (автомеханичар) во Велес.

Хоби: Риболов, планинарење

Свирам од мојата 11-та година. Од 17 години на свадби.

Се имам појавено на Сител телевизија во емисијата на Драган Вучиќ. Исто така имам организирано снимање на новогодишна емисија од српска продукција која се вика “Сезам”.

Напиши коментар