На иста адреса

Запознавање со учесниците на Првото Македонско Музичко Реално Шоу “На иста адреса“: Илија Петровски

Со воведувањето на оваа рубрика, поради големиот интерес на македонската јавност ќе им овозможиме на нашите фанови подетално да ги запознаат учесниците на Првото Македонско Реално Музичко Шоу “На иста адреса“.

Секојдневно ќе објавуваме кратки профили за секој кандидат поединечно, како и најинтересните моменти од куќата каде сите тие престојуваат.

Што вели Илија за себе:

Јас сум Илија Петровски. Роден сум на 31.07. 1993 година во Скопје.

Мојот Прв јавен настап се случи во 2010 година на Охрид Фест, каде што ја изведов песната “Каде си” и го освоив третото место. Зад себе имам четири песни и два видео спота. Други мои поважни јавни појавувања беа на X- Фактор и македонскиот “Идол”.

Имам завршено средно економско училиште, а денеска сум студент на Универзитетот “Гоце Делчев” и студирам Гастрономија, исхрана и диететика.

Талентот за пеење го наследив од мојата баба и освен неа, јас сум единствениот член од семејството што се занимава со музика.

Мојата последна песна ја промовирав во 2014.година. Нејзин композитор е Роберт Билбилов, а за неа имам снимено и видео спот.

Мое хоби: Фитнес, фудбал, трчање, гледање филмови.

Омилени пејачи: Тоше Проески, Каролина, Роби Вилијамс, Енрике Иглесијас.

Сакам предизвици, ја сакам музиката.

Доколку сакате да дознаете повеќе за Илија и останатите учесници на Првото Македонско Реално Музичко Шоу, “На иста адреса“, лајкнете ја нивната официјална фејсбук фан страница на следниов линк.

 

Напиши коментар