На иста адреса

Запознавање со учесниците на Првото Македонско Музичко Реално Шоу “На иста адреса“: Миа Морина

Започнавме со нова рубрика со која ќе им овозможиме на нашите фанови подетално да ги запознаат учесниците на Првото Македонско Реално Музичко Шоу “На иста адреса“.

Секојдневно ќе објавуваме кратки профили за секој кандидат поединечно, како и најинтересните моменти од куќата каде сите тие престојуваат.

Денеска ке ја запознаеме Миа Морина. Еве што вели таа за себе:

Јас сум родена во Гостивар, Македонија 03.03.1990. Сме пет членови во семејството и живееме во истиот град. Основно и средно училиште завршив во  Гостивар а студии за Бизнис Економија во Тетово.

Со музика се занимавам одсекогаш. Од моите 5 години сум пеела и на детски фестивали но мојата прва студиска песна е остварена во 2011. Мојот талент нормално го открија моите најблиски и семејството.

Моето семејство секогаш било моја најголема мотивација и подршка.

Доброто нема крај, успехот нема граници, искуството е се, затоа решив да го имам во архивата на мојот живот и овој толку убав спомен.

Бев во X- Фактор Албанија каде што стигнав во live shows.

Се надевам ова жртвување додека сме далеку од нашите најдраги и сета оваа голема работа за да излезе успешна изведба дека ке се цени на најправилен начин. И како сите што сме тука, така и јас очекувам да победам зошто да не.

Ако ке бидам победничка на ова шоу ветувам и сигурна сум дека ке работам многу за да и возвратам на публиката за цела подршка која ми ја даваат, работејки нови проекти и песни.

Нормално сите ние тука имаме голема желба да бидеме дел од последните недели на големото финале. Верувам дека ке успеам.

За многу кратко време ние се зближивме многу. Зборуваме, се смееме многу..сме едно големо семејство. Понекогаш може да се почувствуваат и тензии од стресот кој го имаме, но тоа ни поминува брзо и се забавуваме многу. Се надевам дека вака ке биде до крај!

Во моментов Миа е дел од Првото Македонско Музичко Реално Шоу “НА ИСТА АДРЕСА”, кое  се емитува на Алфа телевизија.

Доколку сакате да дознаете повеќе за неа и останатите учесници на Првото Македонско Реално Шоу, “На иста адреса“, лајкнете ја нивната официјална фејсбук фан страница на следниов линк.

 

1 2 3

Напиши коментар