На иста адреса

Запознавање со учесниците на Првото Македонско Музичко Реално Шоу “На иста адреса“: Валери Димовска

Валери во моментов се наоѓа во вилата на реалното шоу “На иста адреса“, како еден од 12те учесници кои се борат за влез во финале и победа. Доколку сакате да дознате нешто повеќе за Валери, прочитајте што вели таа за себе:

“Родена сум во Велес на 06. 12. 1996 година. Се занимавам со музика од мојата 9та година, имам завршено средно медицинско училиште. Работам и сум волонтер во здружение за заштита на правата на животните. Во слободно време земам часови по пијано. Учествував во FM талент и сум победник на тоа шоу со песната Chandelier by Sia, која што е моја омилена пејачка и пример за мене. Имам две сестри, едната е постара, има 22 години и се вика Тијана, и една помала сестра која се вика Маја и има 10 години.

Работам на моја песна и веќе имам издадено една, која се вика Замини. Обожавам да пеам затоа што само тогаш се чувствувам ослободено. Мојата цел е публиката да ја разбере и прими мојата емоција и тоа што го пеам. Со задоволство ќе кажам дека сум голем верник, верувам во Бога, одев во црковен хор и кај нас во црква пеев госпел песни. Моја омилена песна е All I Need Is You Lord во која наоѓаш мир и спокој. Омилени места кои би сакала да ги посетам се Абу Даби, Лос Анџелес и Мексико. “

01

02

04

Напиши коментар