ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 4 пилешки гради исчистени од кожата и коските
* маслиново масло
* сол
* бибер
* 1 лажица путер
* 4 лажици сенаменско брашно
* 1 конзерва кондензирано млеко
* 1 чаша фета сирење
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Загрејте ја тавата на умерен оган. Намачкајте ги пилешките гради со маслиново масло. Ставете сол и бибер. Додадете го место во тавата кога ќе биде врела. Печете 4-5 минути од двете страни, додека добро не поцрвенат. Отстранете ги од огнот и одржувајте го месото топло. Истопете го путерот на умерен оган. Додадете го брашното и постојано мешајте 1 минута. Постепено додавајте го млекото. Крчакјте 5-7 минути додека не се згусне, повремено мешајќи. Додадете го сирењето и мешајте додека не се стопи. Со лажица полиете го пилешкото со подготвениот сос.
