Cafe Del Mar

Каде живеат најмногу милионери?

Иако на прашањето каде живеат најмногу милионери на светот, повеќето би одговориле Њу Јорк, Лондон, Монако, вистинскиот одговор е потполно друг.

Најновото истражување на независната компанија Wealth Insight покажа дека престолнина на денешните богаташи е Токио.

Новата студија на оваа компанија покажа дека Токио го превзеде водството на листата на градови со најмногу жители чиј имот надминува милион долари. Во таа пресметка, не се вбројува вредноста на куќите во кои живеат богаташите.

Според нивните податоци, во Токио живеат дури 461.000 милионери. После него следи Њу Јорк со 389.000, потоа Лондон со 281.000, Париз со 219.000 и Франкфурт со 217.000 граѓани кои се повеќе отколку богати.

„Најголемата причина поради која Токио се најде на пиедесталот е густата населеност”, рече Andrew Amoils, водител на студијата. Додека богаташите во Америка се раштркани по многу градови, Во Јапонија популацијата на милионери е концентрирана во поголемиот главен град.

Во прилог на тоа зборува фактот дека повеќе од петина на јапонските милионери живеат во Токио, додека во Њу Јорк живеат само седум проценти од сите американски милионери.

Напиши коментар