Сте прошле тешки животни ситуации и сте останале заедно
Речиси и да нема појасен показател за силна и искрена љубов. Кога еден пар се соочува со тешки ситуации и времиња, и кога ќе ги надмине, без да изгуби верба еден во друг, нема поочигледен знак за вистинска приврзаност и љубов.
Вашата врска нема драматични моменти
Повремените несогласувања се сосема нормална работа во една врска, но драматичните моменти што ги слушаат сите соседи не се многу пожелни. Несогласувањата се решаваат мирно и во четири ѕида со разговор и објаснување на ставовите со цел да се дојде до решение. Ако нема здрава комуникација, нема здрава врска.
Верувате во соништата на партнерот
Јасен показател за искрена љубов е вербата во соништата на вашиот партнер, колку и апстрактни да звучат некогаш. Дури и ако тие се во спротивност со вашите потреби, почитувањето на тие соништа се основа на здрава врска. Кога го охрабрувате вашиот партнер да сонува, и заедно да ги остварите соништата, јасно е колку многу се грижите за вашата врска.
Вие двајца сте најдобри пријатели
Иако многумина сакаат да бидат најдобри пријатели со својот партнер, честопати се случува да побараат совет од својата најдобра пријателка, сестра или мајка, отколку од партнерот. Личноста со која го градите животот треба да биде ваш прв избор без оглед на тоа со каков проблем се соочувате.
Секогаш се ставате меѓусебно на прво место
Ова е друг јасен знак дека се работи за вистинска љубов. Ако вашиот партнер ви е секогаш на прво место,и се грижите за неговата благосостојба и неговите цели, но исто така и ако тој возврати со иста мерка, нема сомнение дека вашата врска оди во вистинската насока.
Важните одлуки ги носите заедно
Не може да има стабилен однос во кој едно лице ги носи сите важни одлуки. Тоа треба да биде заеднички процес и да се дејствува спонтано.Каде и да планирате да одите, купувате или менувате нешто во вашиот простор за живеење, тоа мора да се донесе како одлука заедно со вашиот партнер.
Имате поддршка од членовите на семејствата
Семејството е важно за секој поединец. Без поддршка од која било страна, има мали шанси врската во која се наоѓаат две лица да биде стабилна. Ако има почит кон постарите членови на семејството во двете насоки и почитување на нивното мислење, како и грижа за нив, не се сомневате дека врската во која сте, се одвива во вистинската насока.
Другите луѓе ве опишуваат како совршен пар
Мислењето на блиските пријатели во поглед на вашата врска е важно, пред се затоа што поминувате многу време со нив. Ако ве гледаат и ве опишуваат како хармоничен пар, и дека давате добар пример за другите, тогаш веројатно има некоја вистина во тоа, нели?