Состојки:
- 300 гр туна од конзерва
- 1 праз или кромид
- 3 јајца
- 3 лажици исечкан магдонос
- 3-4 варени моркови
- 200 гр варен грашок
- 3 лажици растопен путер
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка пипер
- бибер
- 1/2 кг брашно
- 2 лажички прашок за пециво
- 1/2 л млеко
- масло за пржење
Начин на подготовка:
- Разматете жолчки со путер и млеко, додајте мешавина од брашно, прашок за пециво, пипер и бибер, сè добро измешајте и матете 5 минути.
- Додајте исечкани моркови, грашок, исечкан праз и магдонос, како и разматени белки.
- Сè добро измешајте и оставете да отстои 30 минути на собна температура.
- Со лажица натопена во студена вода земајте од смесата и пржете во масло од двете страни додека не добијат златно-жолта боја.
- Со решеткаста лажица вадете ги пржените уштипци, редете ги на салфети за да се исцеди вишокот масло, а потоа послужете.