Мојата кујна

Ќофте во сос од горгонзола

Состојки:

  • 500 г мелено месо
  • 2 кришки сув леб
  • 2 дл млеко
  • 50 г кашкавал
  • 50 г сланина
  • 3 лажици презли
  • 1/2 китка магдонос
  • 1 јајце
  • 3 лажици зејтин
  • мешавина од зачини, бибер

За бешамел сос:

  • 100 г путер
  • 2 лажици брашно
  • 5 дл млеко
  • 100 г сирење со мувла, сол

За поросување:

  • 150 г чаден кашкавал

Приготвување:

1. Кашкавалот се ренда, сланината се сече на коцки, а магдоносот се сечка најситно што можер. Сувиот леб се натопува со млеко, добро се цеди и се дроби.
2. Во соодветен сад се мешаат месото, лебот, јајцето, презлито, сланината, кашкавалот и магдоносот. Се додаваат зачините и рачно се меси.
3. Од смесата се обликуваат ќофтиња.
4. Во поголем сад се става вода, се додаваат неколку капки зејтин и се става да проврие. Потоа се ставаат ќофтињата и се варат 10 минути. Со лажица се вадат од садот за да се исцедат од вишокот течност.
5. Посебно во помал сад се топи путерот, се додава брашното и кратко се пропржува. Постепено се долева млекото и се меша се додека не се добие соодветна густина.
6. Во приготвениот бешамел сос се додава сирењето и зачини по желба и се меша додека не се стопи.
7. Огноотпорен сад се намрсува и во него се редат ќофтињата, се прелеваат со приготвениот сос и се поросуваат со рендан чаден кашкавал. Се ставаат во загреана рерна на 200 ºC да се запечат.

Write A Comment