Треба само да измешате две состојки и вашите вегански вкусни колачи ќе бидат на масата.
Ако сакате брзо да направите здрав колач од неколку состојки, ние ви даваме 3 одлични идеи. За овие бајадери, потребна ви е малку имагинација и да ги следите едноставните упатства.
Тие се неверојатно лесни за подготовка, па затоа се идеални за почетници во готвењето. Треба само да измешате две состојки и вашите вегански вкусни колачи ќе бидат на масата.
Еве го рецептот!
Кикирики бајадери
Состојки:
- 400 гр путер од кикиритки
- 300 гр кокосово кондензирано млеко
Ставете ги двете состојки во сад и измешајте ги додека не се комбинираат во смеса. Истурете ја смесата во мала тава и ставете го колачот во фрижидер да се стегне. По неколку часа, извадете го колачот и исечете на правоаголници, како бајадерите. По желба, можете да го посипете со неколку зрна морска сол. Ова ќе му даде специфична арома.
Чоко крцкави бајадери
Состојки:
- 200 гр темно чоколадо
- 150 гр овесна каша
Се топи темната чоколада, а потоа се додава овесната каша. Смесата ставете ја во послужавник или во калап, распоредете ја рамномерно, а потоа ставете ја во фрижидер половина час да се стегне. Исечете го и уживајте.
Чоко-коко бајадери
Состојки:
- 300 гр темно чоколадо
- 150 гр путер од кокос
Стопете 150 гр темно чоколадо, па ставете го во калап или во мала тепсија. Стопете го косовскиот путер, а потоа нанесете го врз чоколадото. Колачот ставете го во фрижидер половина час, а потоа истурете уште 150 гр растопено чоколадо врз него и повторно ставете го во фрижидер на еден час. Кога ќе се стегне, исечете го на парчиња.