Cafe Del Mar

5 симптоми кои ноктите ни ги откриваат за состојбата на организмот

Промените на ноктите обично се безопасни, но тие можат да укажат на тоа дека треба да посетите лекар, еве во кои ситуации.

Ноктите ви кажуваат многу за вас и ние сега не мислиме на навиката да ги грицкате ноктите.

Додека повеќето од промените сè уште се знак на стареење или дури и последица на постојано лакирање, некои промени на ноктите можат да укажат на посериозни здравствени проблеми. Ако некои од овие промени ги поврзувате со други симптоми, ве советуваме да посетите лекар.

1. Пожолтени нокти

Премногу лакирање на ноктите може да влијае на природната боја на плочката на ноктот и генерално не е причина за паника. Меѓутоа, ако не ги лакирате ноктите често, тогаш жолтеникавата боја може да укаже на здравствени проблеми со белите дробови, како и лимфните жлезди.

2. Бели нокти

Ова е типичен знак на стареење, но не ако е придружен со дополнителни симптоми. Во тој случај, може да укаже на проблеми со бубрезите, црниот дроб или срцето.

3. Кафеави или со кафеави линии

Темната кафеава линија што може да се појави на плочката на ноктот, како и кафеавата пигментација што може да се појави во аглите на ноктите, потенцијално може да биде знак на меланом. Во тој случај, ве советуваме веднаш да одите кај дерматолог, ако меланомот се дијагностицира рано, може да се излечи без компликации.

4. Вдлабната плочка

Ако вашата плочка на ноктот е вдлабната, т.е, наликува на лажица, наместо да биде испакната, тоа е коилонихија. Се јавува како последица на слаб метаболизам и најчесто е знак на анемија.

5. Одвојување на ноктот од прстот

Најчесто се јавува како последица на повреда, но може да укаже и на псоријаза. Ако ова вклучува повеќе од еден нокти истовремено, тоа може да биде знак на хипертироидизам.

Напиши коментар