Еве што да направите пред да купите флаширана вода!
Брзиот начин на живот принуди многумина од нас да го оставиме сопственото здравје настрана за да постигнеме големи цели, но исто така честопати нè доведува во заблуда дека здрав начин на живот подразбира употреба на скапа козметика и консумирање на необични пијалоци.
Напротив, сè што треба да ја почувствуваме разликата е водата.
Оваа скапоцена течност, без разлика дали е изворска или во шише, ако се консумира редовно, носи придобивки многу брзо.
При изборот на флаширана вода како извор на течност за хидратација на здрава популација, потребно е да се посвети посебно внимание на отсуството на адитиви за вкус, pH вредноста (оптимално околу 7,4), содржина на натриум (под 20 мг на литар), количина на сув остаток (помалку од 300 мг/л ) и датум на истекување – совет на професор д-р Сергеј Остојиќ, доктор и повеќедецениски физиолог на врвни спортисти.