Бозел-џин е идеален пијалок за пролет.
Без сомнение, правењето домашен сируп од бозел е одличен начин да ги искористите цвеќињата со прекрасен мирис, но за оние кои сакаат да пробаат нешто поразлично, џин со вкус на бозел е подеднакво прекрасна и необична алтернатива.
Цвеќињата од бозел најдобро е да се собираат на сончев ден, а подолу можете да прочитате како да ги искористите во неколку чекори во комбинација со, за многумина, омилениот пијалок.
Состојки за бозел-џин:
- шест до осум свежо собрани цвеќиња од бозел
- рендана кора од еден лимон
- лажица шеќер во прав
- 500 милилитри џин
Подготовка:
- Отстранете ги можните инсекти од цвеќињата, а потоа ставете ги во голем сад или тегла. Додадете кора од лимон, шеќер во прав и истурете џин над нив.
- Покријте го садот и оставете го 24 часа
- Процедете ја смесата преку филтер-хартија за кафе, газа или нешто слично и ставете го пијалокот во чисто шише.
- Бозел-џинот може да се сервира со тоник и многу мраз.
И тоа е, уживајте во освежувачкиот џин со вкус на пролет.