Cafe Del Mar

Црвената е на заслужен одмор: Бои на лакови за нокти кои ќе доминираат оваа сезона

Неутралните бои одат во заборав – време е за лето во боја!

Со оглед на тоа што имавме можност да се одвикнеме од салоните „што значат живот“ во претходниот период, како резултат на тоа, продажбата на лакови за нокти скокна за 24%, според истражувањето објавено од британската компанија NPD Group.

Претстојната сезона веројатно ќе биде зачинета со нијанси на портокалова – од пастелна праска до силна боја на морков.

Ретро црвената, која со години е незаменлива, летово оди на заслужен одмор. Пастелните нијанси, особено нане и лаванда, ќе ја нарушат монотонијата на неутралните бои.

За сите љубители на темни тонови, бојата на стопениот челик ќе биде новата црна, додека секогаш очекуваната сезонска нијанса на Шанел ќе ја потврди безвременската привлечност на розовата боја.

Напиши коментар