Cafe Del Mar

Да, токму вие! Пет причини зошто имате совршено тело

Вашето тело е совршен механизам што заслужува почит.

Сите сакаме нашето тело да изгледа фит и тонирано и да биде во идеални размери. Но, ќе се повлечеме малку од неговите надворешни атрибути и ќе ве потсетиме зошто имате совршено тело.

1. Вашето срце е за восхит

Иако звучи како клише, твоето срце е навистина неверојатен орган. Чука приближно педесет илјади пати на ден, што значи дека бројот на отчукувања годишно е неколку милиони. За време на животот, испраќа неколку илјади литри крв низ километри вени. Затоа, ниту една модерна машина не е еднаква на него кога станува збор за беспрекорна работа. А само чувствата за коишто тоа е способно, тие се од посебна вредност.

2. Мозокот е неверојатна машина

Милиони клетки кои ги контролираат вашите движења, чувства, размислување, координација на сите други органи и многу други функции извршуваат неверојатна работа.

Мозокот чува повеќе податоци во текот на животот отколку големите национални библиотеки. Споредено со компјутер, милиони бајти податоци се собираат во мозокот. Затоа, не е ни чудо што мозокот повлекува седумнаесет проценти од вкупната енергија што ја троши телото.

Работата на мозочните клетки може дополнително да се подобри со физички активности, бидејќи зголемениот проток на крв низ клетките на мозокот ги подобрува менталните процеси.

3. Посебни делови на телото

Секој има дел од телото што го сака, од кој е задоволен и што не би сакал да го промени. Без разлика дали се тоа долги прсти, мали стапала, права коса, висина, уши…

Треба само да се фокусирате на оние делови што ве прават да се чувствувате добро, да ги запишете на хартија и да ги ставите до огледалото и на ноќната масичка да ви го разубават денот и да ја зајакнат вашата самодоверба. А, знаеме дека самодовербата е она што придонесува за целокупниот изглед.

4. Погледнете се себе преку очите на другите луѓе

Мали неправилности на лицето, косата, асиметријата и слични детали на вашето тело се забележителни само за вас. Другите не ве следат до најмалите детали со часови како што тоа вие го правите пред огледало. Замислете се во очите на вашите најблиски, луѓето кои ве сакаат. Бидејќи тие во вас го гледаат само доброто, обидете се да го сторите истото за себе и ќе се чувствувате одлично.

5. Силата на промената

Дури и ако сте незадоволни од вашето тело, секогаш можете да го подобрите. Факт е дека самата физичка активност може да направи чуда. Исто така, додека вежбате, размислете само за неверојатната количина и сложеност на процесите што се одвиваат во вашето тело и прават сè да функционира правилно.

Вашето тело е само по себе совршен механизам што заслужува почит, без разлика колку понекогаш сте незадоволни од тоа и мислите дека би можело да биде подобро. Но, она што подарокот го има внатре, во кутијата, е многу поважно од декоративната хартија во која е завиткан.

Напиши коментар