Миленичиња

Дали кучињата се далтонисти или сепак можат да ги видат боите

Бројот на бои што кучињата ги гледаат е помал од оној што ги гледаат луѓето и не е невообичаено кучињата да бидат далтонисти. Сепак, одредени бои најчесто се многуги гледаат многу подобро, најчесто сина и жолта.

„Како и другите цицачи, кучињата имаат поголеми зеници од луѓето, па затоа очите им пропуштаат повеќе светлина“, објасни ветеринарот д-р Кети Нелсон, пренесува Readers Digest.

„Кучињата имаат многу пошироко видно поле од луѓето и гледаат агол од 250 степени, додека човечкото око гледа 190 степени“, вели ветеринарот.

Тие добро гледаат дури и во темница Д-р Нелсон објаснува дека, како и во човечкото око, окото на кучето има внатрешна обвивка или мрежница (ретина) составена од светлосни чувствителни клетки.

„Поради овие клетки, кучињата можат добро да видат дури и при слаба светлина“, објаснува Нелсон, додавајќи дека иако научниците не се сигурни во точниот број, истражувањата покажале дека кучињата дури имаат многу повеќе од овие клетки од луѓето.

„Другите мрежни клетки се нарекуваат конуси и поради нив кучињата ги перцепираат боите и функционираат добро при силна светлина“, објаснува ветеринарот.

Таа исто така рече дека човечкото око има шест милиони конуси, а кучешкото око многу помалку, околу 1,2 милиони, што значи дека тие гледаат послабо од нас на силно светло.

Тие гледаат бои, но не и нијанси

Некогаш се мислеше дека го гледаат светот во црно и бело, но според Американското кинолошко друштво, кучињата сепак гледаат бои, но имаат потесен спектар.

„Различни видови конуси овозможуваат да се детектираат различни бранови должини на светлината“, вели д-р Нелсон.

И додека луѓето имаат три различни типа од овие клетки, кучињата имаат само два.

Поради оваа разлика, бројот на бои што кучето ги гледа е многу помал од широкиот спектар на бои што луѓето ги гледаат.

Тие можат да бидат далтонисти

Нелсон објаснува дека има три различни типа далтонизам кај луѓето, а кучињата се слични во таа смисла.

„Тие најдобро гледаат сина, жолта и сива боја“, вели ветеринарот, додавајќи дека портокаловите или црвени играчки во зелената трева тие ги гледаат со иста боја како тревата, но затоа најдобро ќе видат сина играчка на зелена трева.

Напиши коментар