Cafe Del Mar

Ѕирнете во најголемиот приватен авион во светот

Gulfstream го лансира својот нов приватен авион, G700, кој нуди значително повеќе простор во својата кабина…

Иако на хартија, тие дополнителни десет метри простор во споредба со неговиот претходник, G650, изгледаат како вистинска ситница, во реалноста, работите се многу поразлични. Авионот ја доби својата нова спална соба, која доаѓа со приватно купатило и е додатна предност на приватниот авион.

Во овој модел, кој важи за најголем приватен авион во светот, спалната соба е создадена како скривалиште, кое нуди величенствен кревет што се активира со притискање на копче, кое исто така автоматски го контролира осветлувањето и затемнувањето на прозорците. Во нежно осветлена спална соба, патниците на овој авион можат да уживаат и во тивка музика, поради што амбиентот ќе ги потсети повеќе на луксузен хотелски апартман отколку на приватен авион. Прекрасната кабина на овој нов авион крие мали, паметни детали, како и посветеност на биогоривата, кои ги користат моторите на новата генерација Rolls-Royce Pearl 700.

Сензуалноста на ентериерот на овој авион е видлива од сите страни, со прекрасни облини кои се пријатни за око, како и инфузија на природна светлина која нуди нешто сосема ново и посебно. Авионот е поделен во пет зони, кои се облечени во костен, детали од црн абонос, додека овалните прозорци даваат можност да уживате во величествен поглед и пропуштаат доволно природна светлина.

Предниот дел на авионот, има кујна облечена во Casablanca мермер, а истата е акцентирана со орманчиња со црна боја и лоѓија поставена со кожа, што ја прави навистина елегантна. Долгиот кујнски остров во комбинација со мијалник од не’рѓосувачки челик обезбедуваат извонреден работен простор, заедно со изобилство на простор за складирање, конвенционална рерна и микробранова печка.

Ова исто така многу лесно може да биде првиот приватен авион во кој сопствениците можат да ги донесат своите приватни готвачи, кои на самото место ќе ги подготват нивните омилени јадења.

Зоната со шест седишта лесно се претвора во област за јадење, додека G700 има уште неколку асови во ракавот. Вградено во дрвото што ја сочинува трпезариска маса, има автоматски полнач за мобилниот телефон, додека бројни слични технолошки детали се наоѓаат во остатокот од ентериерот. Во зоната за забава, има 43-инчен екран кој вообичаено е спакуван во креденец, додека светлото и прозорците автоматски се исклучуваат кога се активира. Звучниците ги нема на овој дизајн, додека surround sound системот е скриен зад ѕидните панели.

Овој авион со цена од 75 милиони долари, ќе ви понуди сè што некогаш сте посакале, и многу повеќе од тоа, а може да биде ваше омилено место за криење на небото.

Напиши коментар