Направи Сам

ГЛЕТКА ШТО НЕ СЕ ЗАБОРАВА: ЛУСТЕР ВО ФОРМА НА ЗМЕЈ ПРЕКРИЕН СО СВАРОВСКИ КРИСТАЛИ

60-метарската скулптура на змеј, создадена со 2,5 милиони кристали на Сваровски која е дело на компанијата Ласвит, лесно може да се прогласи за најубавото нешто што сме го виделе…

Барем тоа е она што го претпоставуваме, затоа што ако нешто може да изгледа толку прекрасно гледајќи го на екранот, ефектот во живо што го постигнува е дефинитивно многу посилен.

Чешката компанија Ласвит е специјализирана за создавање на иновативни елементи за осветлување, но тие дефинитивно се надминаа себеси со создавање на два масивни лустери во форма на змеј за казиното Imperial Palace во Саипан.

Според наводите, ова уметничко дело тежи четириесет тони и е украсено со 2,5 милиони Сваровски кристали, кои ја покриваат секоја педа од суштеството долго шеесет метри.

Можете ли да ја замислите глетката што се појавува кога секој кристал е осветлен и ја менува својата боја? На овој начин, змејот станува еден вид кристализиран камелеон, кој веднаш ја менува својата боја од зелена во црвена.

Оваа структура на два змеја кои се борат за огнениот бисер е направена од не’рѓосувачки челик, злато и кристали, а оние кои некогаш биле заинтересирани за кинеската митологија, веднаш ќе ги препознаат сите традиционални симболи.

Змеј со пет прсти носи со себе посебно значење – тоа е суштество кое го претставува императорот, па затоа е поважно од змеј со три или четири канџи.

Креаторите на овој неверојатен проект го инсталираа во форма на накит во лобито на казиното, со надеж дека ќе го срушат Гинисовиот рекорд, како најголемо парче накит досега создадено.

Ласвит работеше на проектот повеќе од три години, додека стотици вработени беа ангажирани за неговото финализирање.

Напиши коментар