Марката Хермес успешно го освојува целиот свет, иако пандемијата на корона вирус сè уште е присутна …
Според сите пресметки, луѓето едноставно не можат да се заситат од луксузот што им се нуди, со беспрекорните услуги што доаѓаат со него. Како што веќе знаете, првиот ден по отворањето на својот бутик во Кина по ублажувањето на мерките за социјално дистанцирање и заштита од вирусот корона, кинескиот Хермес бутик заработи неверојатни 2,7 милиони долари.
Најновите вести што доаѓаат од нив вклучуваат специфична колекција од 3.700 уникатни артикли, вклучувајќи и мал сад за пари за во автомобил, играчка во форма на брод и скулптура во форма на порцелански скејтборд, меѓу другото.
Овој пат, ние се фокусираме на тој конкретен скејтборд.
Како што веќе истакнавме, парчето е изработено од порцелан, што значи дека неговата цел е исклучиво колекционерска. На горната страна на скејтот е насликана прекрасна додо птица со геометриска мрежа на дизајн и бои, што дефинитивно му дава необична естетика. Ако навистина сакате да го користите на некој начин, бидејќи возењето не доаѓа во предвид, овој порцелански скејт може да ја игра улогата на послужавник, иако со цена од 4.625 долари би било навистина штета да се користи за таа цел.
За крај, останува да потенцираме дека скејтбордот може да се купи преку официјалната веб-страница на брендот.