Cafe Del Mar

И на возрасните (понекогаш) им треба приказна за добра ноќ

Наједноставниот „лек“, како што е смирувачката приказна, може да помогне во отфрлање на вознемирувачките мисли и да ни помогне да потонеме во сон.

Сè што треба да сторите е да ја преземете апликацијата и да ги ставите слушалките на ушите …

Кога бевме деца, нашите најблиски ни читаа бајки пред спиење за да ни помогнат да заспиеме. Приказната за добра ноќ може да ни биде од еднаква помош неколку децении подоцна, бидејќи не потсетува на детско искуство, ни дава дозвола да се опуштиме и да се разбуди во нас чувство на сигурност.

Во тие вечери, кога главата ќе ја допре перницата и ќе останете сами со вртлог од мисли и грижи што ви го нарушуваат спиењето, посегнете по приказните (на англиски) понудени од апликацијата Calm mobile.

Ќе ве оттргнат од загрижувачките мисли насочувајќи го вниманието кон смирувачки и релаксирани приказни прочитани од познати мелодични гласови како актерот Метју Меконахи.

Напиши коментар