Cafe Del Mar

Идеални мерки за убави усни: измерете ја горната и долната усна и споредете ги со вековните идеали за убавина

Според мислењето на многумина усните се најубавиот дел од женското лице. Дури и оние кои најпрво ги приметуваат косата или очите признаваат дека усните претставуваат клучен елемент за симетрија и естетика.

Затоа можеби и не треба да не чуди што естетските зафати во некои случаи се катастрофални.

Не е лесно да се опишат или изберат идеалните усни според обликот на лицето.

Мора да се земат предвид бројни елементи, но генерално се смета дека полните усни се сексуално попривлечни.

Убавината се дефинира како состојба во која цртите на лицето се во хармонија, додека отсуството на рамнотежа се смета како “грдо”.

За да ги пресметате пропорциите на лицето, поделете го хоризонтално по третини.

Првата третина е од крајот на косата на челото се до хоризонталната линија која треба да ја замислите дека е повлечена низ коренот на носот- лево и десно преку очните капаци.

Центарот на тие линии се нарекува глабела- тоа е она мало рамно поле меѓу веѓите на кое се создаваат брчки кога се муртиме.

Втората третина на лицето почнува под таа глабела и се протега се до замислената хоризонтала под самиот нос.

Третата третина завршува на самиот врв на брадата.

Овие три третини не се еднакви кај луѓето.

Кај белците најчесто најголема е најниската, третата третина. Потоа доаѓа горната, челната третина, а најмала е средната.

Пропорциите на усните се анализираат според таа трета третина.

Анатомите неа исто така ја делат на три делови.

Најголемата го опфаќа делот од врвот на носот до средината на која се спојуваат горната и долната усна.

Втората третина се протега од точката каде што се среќаваат усните до местото на кое почнува издигнатоста на брадата, а третата ја опфаќа целата брада- од тоа издигнување до нејзиниот долен крај.

Како се пресметува убавината на усните?

Една од можностите е да се примени златен пресек.

Овој феномен со кој често се анализира убавината се добива кога во пресекот ќе се најдат линиите а и б, така што а+б/а да биде еднакво на б/а.

Со примена на сметачки операции со кои е докажан и неспоредливиот склад на лицето на портретите на Леонардо да Винчи, усните треба да имаат димензии со размер 1:1,6.

Конкретно, ако го гледаме лицето од напред, фронтално- висината на долната усна треба да биде 1,6 пати поголема од висината на горната усна.

Затоа сега се почестите “паткини” усти не се сметаат само како грешки на пластичната хирургија, туку тие се и тажна последица на лошото разбирање на нормалната анатомија на устата.

Што се однесува на профилот, треба да замислиме една рамна линија која како да поминува косо од нејзините точки под носот до врвот на брадата.

Во однос на таа линија и горната и долната усна треба да бидат испакнати.

Но, и тука се најубави суптилните разлики. Горната уста треба да излегува од таа рамна линија за околу 3,5 милиметри, додека долната треба да излегува за околу 2,2 милиметри.

Кога ќе пресметате, повторно тие димензии се во однос 1: 1,6, значи “златниот пресек”е на дело!

Секако, полните усни, како и крупните очи, испакнати јагодици и ситен нос се сметаат за атрибути на убаво женско лице.

Сепак, тоа не значи дека смее да се случи усните да влегуваат први во собата, па потоа жената, бидејќи тоа е гротескно отстапување од вековните женски идеали за убавина.

Модата носи промени во се, па и во омилените идеали за привлечност, но нарушувањето на пропорциите до неприродни димензии ве носи во категоријата грдо, а не убаво.

Напиши коментар