Art & Crafts

Извонредна машина за кафе од 11.000 американски долари

Фановите на моделите Porsche 911 имаат многу причини да се радуваат деновиве…

Покрај лансирањето на извонредната, најмоќна варијанта на овој автомобил пред неколку дена, сега во понудата стои уште една машина за кафе која изгледа како намалена верзија на моторот, која се наоѓа во 993 генерација на познатиот модел.

Се разбира, ова е ремек-дело на јужноафриканската компанија наречена Super Veloce, која претходно лансираше слични машини, според моделите на моторите на егзотичните автомобили. Моделот Espresso Veloce RS Black Edition чини 11.000 долари, а ќе се создадат само 993 примероци.

Еспресо машината е креирана од алуминиумска легура која содржи 6082 Т6 и 7075, хируршки не’рѓосувачки челик и титаниум. Дизајнирана е такашто веднаш ќе нè потсети на класичниот 3,6 литарски мотор со внатрешно согорување од 993 генерација на моделот 911, кафематот содржи и детали од карбон. Покрај тоа, тој доби елоксирана, сатенска црна завршница, додека главите на цилиндрите се анодизирани во црна боја.

Неколкумина од вас ќе помислат дека Veloce RS изгледа познато и да знаете дека имате право. Оваа компанија претстави потрадиционална варијанта на оваа кафе машина пред две години, со сјаен металик финиш.

Еспресо машината тежи околу 25 килограми, а доколку сакате да ја поседувате, знајте дека може да се нарача од кој било дел од светот преку официјалната веб-страница на Super Veloce.

Напиши коментар