Миленичиња

JOURNAL PETS: ИНСТАГРАМ ПРОФИЛИ КОИ ЌЕ ГИ ОБОЖУВАТЕ ДОКОЛКУ САКАТЕ МАЧКИ И РАСТЕНИЈА

Инстаграм е навистина неограничена база на податоци со слики за сечиј вкус и за сечии очи. Од профили посветени на модата, ентериерите, домашните миленици, до оние со совети за чешлање или оние посветени на патувањето.

Сепак, дали знаевте дека има профили на Инста кои ќе ги обожувате ако сакате мачки и растенија?

Ако сте како типичните миленијалци, големи се шансите дека многу сакате домашни растенија. Обично сето тоа започнува со само еден сукулент, но веднаш штом сфатите колку се лесни за одржување и размножување, расте бројот и видот на растенија во вашиот дом.

Сепак, ако сакате мачки или дури имате мачка дома, вие сте на вистинското место. Мачки и растенија, има ли послатка комбинација?

Веруваме дека има многу обожаватели кои ќе бидат пресреќни кога ќе ги откријат овие профили на Инстаграм кои ќе ве воодушевуваат секој ден со нивните убави фотографии од овие грациозни животни во нивната домашна џунгла.

Откријте подолу за кои профили станува збор и уживајте во нивните зеленило и влакнестите пријатели.

Напиши коментар