Празните пластични шишиња со вода може да се користат долго време како мини жардињери за салата – која може да ја одгледувате на тремот, во мала стаклена градина или на терасата!
Домашната салата нема ист вкус како онаа што се продава на пазарот или во продавницата.
Ако одлучите сами да произведувате салата и спанаќ на вашата тераса или во дворот, можете да изберете секаков вид салата: кристал, ајсберг, но исто така и рукола и сл.
Сè што треба да направите е да земете шишиња од вода, со зафатнина од 5 литри или повеќе, исечете го секое на половина во висина, а потоа свртете го надолжно за да легне на земја.
Оставете ги капачињата затворени!
Исто така, подгответе некој вид сад за водата што ќе излегува од жардињерата, а нејзиното дно издупчете го со загреан шрафцигер. За да спречите почвата да ги затне овие дупки брзо, покријте го дното со парче пластифицирана хартија.
Наполнете ги половините од шишињата со хумус, насадете зелена салата, наводнувајте редовно и за два месеци ќе уживате во плодовите на вашиот труд.
Ако ја берете редовно, растенијата ќе се подмладуваат и долго време ќе имате свежа салата на масата!