Миленичиња

Кога вашиот „помлад брат“ ви досадува, но вие го сакате: На ова куче треба да му се даде медал за трпеливост!

Ова необично „братство“ целосно ќе ве разоружа и ќе ве насмее.

Бернардинците се сметаат за храбри, добри и трпеливи кучиња, но трпеливоста на овој конкретен бернардинец ги надминува редовните мерни единици. Имено, тој неодамна доби „помлад брат“ кој мисли дека неговиот постар брат служи за да му се качува на глава – и тоа буквално!

Јарето кое е родено на фармата на американско семејство се поврзало со нивното куче – не го испушта од вид и не му дава момент мир. Ниту кога јаде, ниту кога спие …никогаш!

Како и да е, не е толку невообичаено ниту едно младенче од кој било вид, да биде љубопитно, игриво и малку напорно – изненадување е со колку љубов, трпеливост и толеранција „постариот брат“ не се спротивставува на сите луди акробатици на едно младо јаре полно со енергија.

Погледнете како изгледа нивниот соживот секој ден!

Напиши коментар