Cafe Del Mar

Лесни РОЗОВИ КОЦКИ од 4 состојки: рецепт за колачи со овошје и бело чоколадо

Пробајте ги розовите коцки – колачи со нежен вкус што ве потсетува на љубовта при првиот залак!

Лесни и слатки колачи што ќе сакате да ги направите неколку пати оваа пролет и лето – розови коцки.

Автентичноста на овој деликатес е во специфичниот вкус на брусницата, која е комбинирана со кремаста бела чоколада и кокос.

Рецепт за розови коцки

Состојки:

  • 400 гр бело веганско чоколадо
  • 320 гр кондензирано кокосово млеко
  • ½ чаши сушена брусница
  • прстофат органско цвекло во прав за поубава боја, по желба

Подготовка:

Растопете го чоколадото, а потоа додадете го кокосовото млеко. Изматете ја смесата и додадете прав од цвекло. Мешајте додека не добиете изедначена смеса. Додадете ја брусницата и промешајте уште еднаш. Поставете хартија за печење на мала тепсија или калап. Истурете ја смесата во садот за печење и ставете ја во замрзнувачот да отстои 2 до 4 часа. Исечете ги колачите на коцки и сервирајте.

Напиши коментар