Направи Сам

НАЈЛУКСУЗНИТЕ АУДИО КАБЛИ ШТО НЕКОГАШ ПОСТОЕЛЕ

Дали сте размислувале за креирање на врвен домашен театар, кој ќе го задоволи аудиофилот во вас?

Па, ако е така, тогаш дефинитивно треба да обрнете внимание на овие рачно изработени кабли, кои ветуваат дека испуштаат највисок квалитет на звук што постои.

Италијанската компанија, наречена Liutanie Audio, е креатор на овие кабли, кои ги опишува како најдобри неутрални конектори од злато, потенцирајќи дека нивната естетска привлечност е всушност последната на списокот на приоритети, иако тие се дизајнирани и изработени рачно, како скапоцен накит.

Нивната цел е да репродуцираат неверојатно квалитетен звук. Како што велат од оваа компанија, употребата на златни конектори ќе го „ресетира секој параметар на вашиот аудио систем, враќајќи го неговиот баланс, природност и неверојатно динамичен опсег“.

Liutanie вели дека нивните конектори ги елиминираат сите нарушувања предизвикани од поврзувањето, ја елиминираат бучавата и назалноста на средната фреквенција и најкратко кажано, го отстрануваат секој звук што не постои природно во одредена аудио снимка.

Конекторите на Liutanie Gold Connections имаат капацитет од 100А и поддршка на волумен што достигнува до сега невозможно ниво. Каблите се создадени од ексклузивни материјали користејќи голема количина на 24-каратно чисто злато.

Кабли Liutanie Olimpo Gold Connections се достапни во различни должини и конфигурации за специфични потреби.

Исто така, постои комплет која чини неверојатни 64.440 евра, што ќе ви понуди се што ви треба за да уживате во кристално чистиот звук.

Напиши коментар