Во последниве години, пудингот од чиа семе станува сè попопуларен низ светот, а се прави многу едноставно и е исто толку вкусен како и секој друг пудинг.
Состојки за едно лице:
- 1/4 чаша чиа семе
- 3/4 чаша млеко (кравјо, бадемово, соја…)
- 1 лажичка мед, јаворов сируп или друг засладувач што го користите
- 1 лажица какао во прав (може и без него)
Подготовка
Во вечерните часови, ставете чиа семе во тегла, додадете го млекото и промешајте. Додадете мед и повторно добро измешајте. Доколку сакате, додадете какао во прав за побогат вкус. Измешајте ги сите состојки(можете да ја затворите теглата и енергично да ја протресете), покријте ги и ставете во фрижидер да отстои преку ноќ.
До утро, семето чиа ќе набабри и ќе имате феноменален пудинг со многу интересна текстура и целосно неутрален вкус во тегла. Додадете замрзнато овошје по желба и јадете го наместо појадок или како десерт.
Ќе ве засити, а многу е вкусно!