Art & Crafts

Направете уникатна и убава маса за дневната соба: едноставен трик кој целосно ќе ве воодушеви

Трендот „Направете го тоа сами“ одамна е најбаран на социјалните мрежи, многумина наместо да купуваат мебел сами прават уникатни парчиња и со тоа штедат пари и му даваат на својот дом личен допир.

Ако сонувате уникатна маса за дневната собa, имаме голема инспирација за вас.

Предлагаме да направите маса од дрвени палети, но со една мала модификација.

Спојте две дрвени палети така што ќе бидат една над друга (погледнете во видеото) и ќе го добиете долниот дел од масата со сите прегради за складирање на работи. Површината на горната палета треба да се исече за да се направи простор за песок и школки. Направете ја основата за песок и sидовите од шпер плоча, а потоа ставете ја дрвената рамка и стаклото сечено по мерка.

Ставете школки со различни форми, камчиња, ѕвезди и разни украси по желба врз песокот.

Можете да ги обоите палетите во саканата боја.

Напиши коментар