Миленичиња

Нема да им верувате на своите очи: Запознајте го Мохито, зеленото кутре!

Веруваме дека никогаш не сте се сретнале со кученце како ова порано.

Џоана Јустиц од германскиот град Вермелскирхен, сопственик на женски златен ретривер, неодамна беше изненадена кога виде дека нејзиниот миленик раѓа зелено кутре.

Иако била загрижена, ветеринарите објасниле дека сè е во ред со него и дека станува збор за еден вид аномалија што не му го нарушува здравјето.

Иако станува збор за природна аномалија, досега во светот се регистрирани само 4 случаи на раѓања на зелено куче. Оваа боја е краткотрајна.

После неколку месеци, таа ќе исчезне и кученцето нема да се разликува од другите кучиња од ваков вид.

Можно е дека необичната нијанса е создадена од жолчниот пигмент биливердин, кој се наоѓа во плацентата.

Кога се меша со амнионска течност што го храни и штити фетусот, може да го обои крзното од кученцето.

Поради необичната боја на крзното, се вика Мохито, по познатиот коктел од нане и лимета.

Напиши коментар