Art & Crafts

Необична фотелја за модерен амбиент

Оваа уникатна фотелја од колекцијата на мебел Banian, потпишана од APPARTEMENT2, студио со седиште на островот Реунион, содржи инженеринг, модерност и практичност во малo пакување.

Керолин Грондин и Гиљем Аваргез го дизајнираа столчето инспирирано од природата и релјефот на островот Реунион.

Неговата форма има форма на дрвото Banyan што ги развива своите корени низ своите гранки. Фотелјата е комбинација од дрво, метал и текстил, споени на начин што уредно ги комбинира формата и функцијата. Потпирачите за раце се изработени од тамаринд дрво со природна сатенска завршница, додека потпорните ногарки се изработени од црн метал за да ја надополнат облогата од дрво.

Banian фотелјата има меко седиште и две заоблени перничиња з апотпора на грбот, кои обезбедуваат удобност додека седите. Има уникатно дизајнирани метални ногарки кои не само што се цврсти и издржливи за секојдневна употреба, но исто така додаваат и ладен аспект на дизајнот.

Banian фотелјата е дел од колекцијата на мебел со лимитирано издание, и веруваме дека наскоро ќе го најде своето место во бројни интересно стилизирани простори.

Напиши коментар