Хаската Мисти има талент: Пее арија од „Волшебната флејта“ на Моцарт Класичната музика не е често прва на нашата листа како најпосакуван жанр, но полека се враќа во мода.
Новите генерации редовно бараат компилации од најдобрите композиции на Моцарт и оперски арии, што резултира со се повеќе присутни нови млади надежи.
До вчера, Мисти беше обична сибирска хаска, но откако излезе видео од нејзиниот спонтан настап објавен на ЈуТјуб, таа стана интернет ѕвезда.
Додека беше во посета на родителите на нејзината сопственичка Мајли Кил, Мисти реши да ја разубави нивната атмосфера и ја отпеа музиката на „Волшебната флејта“ на Моцарт, која беше пуштена на телевизија.