Направи Сам

ОДЛИЧЕН ТРИК ЗА ПРЕКРИВАЊЕ НА СЕДИТЕ ВЛАКНА: Измешајте ги овие две природни состојки и нема да имате сед корен!

Сè е можно без хемикалии.

Многу жени кои се алергични на хемикалиите кои се наоѓаат во фарбата за коса, можат да ја испробаат оваа техника, која често ја користат жените од Исток.

Со фарбање на израстоците со мешавина од кафе, се доби црна нијанса на косата.

Состојки:

  • 2 лажици нескафе
  • 2 лажици кокосово масло
  • 2 лажици балсам за коса или јогурт

Прво, ставете две лажици инстант или нескафе во садот. Додадете две лажици кокосово масло и добро мешајте сè додека не добиете изедначена маса. Додадете уште две лажици балсам за коса или обичен јогурт без шеќер. Кога сè убаво ќе се соедини, со четка, исфарбајте го израстокот или, уште подобро, целата коса. Бојата треба да стои најмалку 45 минути, а потоа исплакнете со шампон и вода.

За да може косата да добие потемна нијанса, во смесата додадете варено црно кафе.

Напиши коментар