Sweet Home

Погледнете го пентхаусот на Мерил Стрип

Терасата на овој пентхаус ќе ви овозможи да уживате во неверојатниот поглед на градот и реката…

Ако некогаш сте се запрашале што прави актерката Мерил Стрип кога не собира Оскари, добро, до неодамна, се релаксираше во нејзиниот пентхаус во Трибека.

Сепак, таа сега повторно го стави на продажба, со намалена цена од 18,25 милиони долари. Нејзиниот стан претходно беше на пазарот со цена од 24,6 милиони долари во август минатата година, при што актерката ја намали цената на 19,75 милиони неколку месеци подоцна. Потоа, пентхаусот беше повлечен од пазарот, само за да се врати таму повторно сега.

Нејзиниот пентхаус зафаќа цел спрат во зградата River Lofts, изградена во 2004 година од архитектите Tsao & McKown. Пентхаусот од 400 квадратни метри нуди прекрасен панорамски поглед на Светскиот трговски центар од една страна и зградата на Крајслер и Империја од друга страна. За време на неговото градење се користеле прозорци од подот до таванот и стаклени врати за да се задржи целосниот поглед.

Стрип и нејзиниот сопруг, скулпторот Дон Гумер, го купиле овој четворособен пентхаус со четири и пол бањи во 2006 година, по цена од 10,13 милиони долари.

Една од најатрактивните карактеристики на овој стан е фактот дека зградата во која се наоѓа е отпорна на папараци: станарите можат да се возат со приватен лифт надолу кон подземната гаража и да излезат без да бидат забележани. Оваа можност привлече и други познати личности, како Гвинет Палтроу, која исто така живееше тука.

Кога зборуваме конкретно за станот, неговата најдобра карактеристика е прекрасно уредената тераса. Балконот широк три метри ќе ви овозможи да уживате во погледот на градот, но и да имате своја мала зелена оаза во срцето на бетонската џунгла. Во ентериерот, отворениот план е акцентиран со подот од бразилски костен и каминот што ќе ви годи во текот на постудениот дел од годината.

Напиши коментар