Како да го исчистите телото оваа пролет – ви треба лимон и краставица!
Пролетно чистење на организмот – рецепт за најдобар пијалок за детоксикација.
Состојки:
- 2 литри вода
- 1 свежа краставица
- 1 лимон (или две лимети)
- 12 ливчиња нане
Подготовка:
1. Добро измијте го лимонот или лиметите и краставицата и исецкајте ги на мали парчиња.
2. По сецкањето, ставете ги во голема тегла со лисја од нане.
3. Следното нешто што треба да направите е на состојките да им додадете два литри вода, ставете го капакот на садот и ставете го во фрижидер пијалокот да се излади.
Една шолја на ден е потребна за добра детоксикација.