Cafe Del Mar

Шармантни траки за коса што мора да ги пробате ова лето

Косата на лицето, особено во текот на летото, може да биде многу неподнослива.

Ако ја сакате вашата непослушна долга коса и непослушните прамени кои паѓаат непречено, ќе ги сакате и деталите за кои ќе разговараме денес. Станува збор за многу симпатични додатоци во форма на траки за коса.

Со доаѓањето на потоплите денови, веројатно се обидувате на различни начини да го истакнете вашиот стил, но исто така и да не водите битка со косата што се лепи на лицето. Траките за коса се во тренд ова лето и станаа толку модерни што можат да се вклопат со сите стилови на облека.

Дома, на работа, на прошетка низ градот, па дури и на состанок со вашиот сакан – тие се насекаде и тие се добредојдени. Тие изгледаат толку шик и шармантни, што е невозможно да им се спротивставиме.

Поради поширокиот спектар на бои, дезени, комбинации и материјали, траките за коса се одличен моден детаљ што мора да го пробате.

Без разлика дали имате долга, кратка или средна должина на коса, тие ќе ја задржат на место и ќе ви овозможат апсолутно да заблескате.

Дневно, вечерно и секое друго излегување со трака за коса, ќе ви даде нова доза на елеганција и стил. Како накит, траките за коса можат да ја истакнат бојата на вашите очи, шминката или тен, со оглед на тоа што летото е пред нас.

Има нешто сензуално кај траките за коса, кои во најголем дел се поврзани со модата од 80-тите, кога беа генерален хит и го трасираа целиот пат до црвениот тепих.

Има толку многу неверојатни начини на кои можете да ја стилизирате фризурата со помош на траки за коса. Обични, елегантни, шармантни или диви варијанти – изборот е ваш.

Погледнете ја нашата галерија со фотографии и пронајдете ја вашата инспирација.

Напиши коментар