Cafe Del Mar

Smoothie од чоколадо и малини

Smoothie може да биде здрав појадок или десерт кој дава сила и го подобрува имунитетот, а тој се прави за само неколку минути!

Состојки:

  • 2 банани, замрзнати
  • 1 зрело авокадо, излупено
  • 125 гр (1 чаша) малини
  • 2 лажици сурово какао во прав
  • 1 лажичка ванила во прав
  • 130 гр (1/2 чаша) овчо млеко или кокосов јогурт
  • 125 ml (1/2 чаша) бадемово млеко или млеко по ваш вкус

За декорација:

Цвеќиња што се јадат, маракуја, банана, малина, боровинки, јагоди, бадеми, семе од тиква, чиа семе, рендан кокос, парчиња сурово чоколадо, гранола и / или путер од лешник, бадем и сл.

Подготовка:

Изблендирајте ги сите состојки, освен оние за украсување, во блендер со максимална брзина додека смесата не стане кремаста и мазна. Истурете го во двеа чинии и гарнирајте со избраните состојки за декорирање по ваш вкус.

Напиши коментар