Cafe Del Mar

Smoothie за совршен ден

Не е потребно многу за да имате совршен ден. Малку добра волја, една насмевка, зрак сонце и вкусно Smoothie што можете лесно да го направите во вашата кујна.

Популарноста на овој пијалок со интересно име, расте со текот на времето бидејќи сè повеќе луѓе ширум светот ги откриваат неговите многу придобивки. Сè што ви треба за да направите Smoothie кој ќе го освежи вашиот ден и ќе ви ја даде потребната сила е блендер, свежо овошје или зеленчук по желба, интегрална или овесна каша, мед, млеко или јогурт.

И тоа е сè!

За само неколку минути вашиот Smoothie е подготвен за дегустација, а непцето ќе ви го разгали експлозијата на нови вкусови. Во зависност од расположението во кое се наоѓате денес, можете да комбинирате најразлична храна за да го подобрите вкусот на омилениот Smoothie.

Многу повеќе од обичен шејк, со внимателно избрани состојки, Smoothie е всушност идеална замена за оброк затоа што е богат со витамини, минерали и протеини. Можностите се практично неограничени. Единствената граница е вашата фантазија и секако вашиот вкус.

Ви предлагаме да ги пробате следниве фантастични комбинации:

  • бобинки (боровинки, малини, брусница, капини, јагоди) во комбинација со банана, мед и овесна каша. Ако сакате, можете да додадете малку јогурт или овошен јогурт.
  • зрела круша, јаболко, портокал, ѓумбир и авокадо. Многу хранлива мешавина исполнета со важни состојки за да го одбрани организмот од вируси.
  • банана, чиа семе, какао и млеко. Мешавина која ќе ги разбуди вашите сетила и ќе ве подготви за нови предизвици.

Напиши коментар