Британскиот бренд, Steel Vintage, создава рачно изработени парчиња мебел од индустриски стил, што навистина предизвикува интересни емоции кај нас …
Steampunk бирото е една од нивните најпопуларни креации. Неговиот дизајн е инспириран од машините на пареа од деветнаесеттиот век, што е воочливо веднаш штом ќе ги погледнете деталите што го сочинуваат. Оваа компанија ја искористи своето стандардно биро Classic X како основа за овој проект.
Дизајнот X може да се види од предниот дел на бирото, додека нејговите ногарки се сочинети од челик дебел 3 мм, а исто така се формирани во форма на буквата X. Тие се покриени со филц за да се заштити подот под нив, додека самото биро содржи бројни вентили, бакарни цевки, месингани акценти, дрвени и челични елементи кои придонесуваат за неговиот Steampunk изглед. Секое биро добива и рачно изработена лиена ознака Steel Vintage.
Исто така, мора да напоменеме дека ова биро е достапно во различни димензии, стилови и бои, давајќи ви можност совршено да го вклопите со вашите лични желби и потреби.
Повеќе детали можете да дознаете на официјалната веб-страница на овој бренд.