Направете го ова најдобро патување досега!
Кучињата се одлични придружници за патувања. Тие го сакаат ветрот кој дува во нивните лица, нови мириси за душкање и места за талкање. Без разлика дали ќе одберете викенд патување или подолг одмор низ целата земја, еве неколку совети како да го направите вашето патување она во кое ќе уживате и двајцата!
ИМАЈТЕ ИДЕНТИФИКАЦИЈА – Погрижете се вашето крзнено другарче да има околувратник со ажурирани податоци. Но, за да бидете сигурни дека вашето куче може да се идентификува, дури и ако неговиот ремен е изгубен, препорачуваме да му имате ставено микрочип на вашето куче.
ВРЗЕТЕ СЕ – Кучињата сакаат да талкаат и истражуваат, но новите места можат да бидат опасни за домашните миленици. Сообраќајот, новите луѓе и новиот терен можат да претставуваат опасност за вашето кученце. Чувајте го вашето куче во секое време врзано за да не може да талка или да се повреди.
ПРАВЕТЕ ПАУЗИ – Исто како што вие треба да се истегнете и да направите пауза, така е и со вашето кученце. Прошетките и паузите за тоалет се важни за вашето куче да биде мирно и да му е удобно.
ЈАДЕТЕ И СПИЈТЕ – Немојте да бидете во искушение да го почестите вашето кученце со ресторанска храна при патување. Понесете ја неговата омилена храна, грицки и многу вода. Вознемирениот стомак не е забавен начин да го поминете патувањето. Спакувајте торбичка за него во вашата торба и нахранете го вашиот пријател за патување со одличен, брз оброк.
ПАТУВАЈТЕ ПАМЕТНО – Никогаш не оставајте го вашето кученце во автомобилот само. Температурите можат да достигнат опасни по живот услови во кое било време од годината. Бидете паметни и планирајте однапред за да не мора никогаш да го оставите вашето куче само.
ПЛАНИРАЈТЕ ОДНАПРЕД – Не заборавајте да резервирате сместување прилагодено за домашни миленици на вашето патување. Не сите хотели се пријателски настроени за домашни миленици, затоа не заборавајте да ја проверите политиката на хотелот пред да одите.
БИДЕТЕ СМИРЕНИ – Кучињата можат да се вознемират или возбудат кога патуваат. Размислете за безбедносен појас или кутија за да вашето кученце биде безбедно и смирено додека е на пат. Исто така достапнисе и лекови за вашето кученце да биде опуштено додека патувате.
ВОЗЕТЕ БЕЗБЕДНО – Чувајте го вашето кученце на задното седиште на вашето возило и заврзете го за безбедност. Исто како децата, кучињата треба да бидат безбедни и при патување. Несреќи може да се случат во кое било време, каде било, и воздушните перничиња може да бидат смртоносни за кучето на предното седиште. Разговарајте со вашиот ветеринар и проверете ја вашата локална продавница за миленичиња за најдобри безбедносни мерки за вашето кученце.
ОЛЕСНЕТЕ ЈА МАЧНИНАТА – На некои кучиња може да им се слоши при движење. Размислете за хранење на вашето куче неколку часа пред да патувате и штом ќе стигнете до вашата дестинација. Ако треба да го нахраните вашето куче при патување, дајте му доволно време да јаде и да се опушти пред да продолжите понатаму. Можете исто така да зборувате со вашиот ветеринар за лекови кои ќе му помогнат на вашето куче со симптомите.
ДОМ ДАЛЕКУ ОД ДОМА – Спакувајте ги омилените играчки на вашето кученце, ќебето и постелнината за патување. Овие удобности на домот можат да му помогнат на вашето куче да се чувствува безбедно и да се забавува за време на долгите патувања.