Папил задоволно преде додека сопственикот ја чешка по грбот и главата, крзното и е сјајно, а очите продорно зелени- таа се вратила во “старото нормално” откако се оздравела од Ковид-19.
Деветгодишната мачка е единствениот познат случај на домашен миленик од Франција кој се заразил со коронавирус.
И во целиот свет познати се само неколку случаи. Најверојатно извор на инфекција се нејзините сопственици, кои и самите биле заразени со вирусот.
“Не знаевме што не е во ред со неа”, изјавил Брајан, сопственикот на Папил.
“На мајка ми и беше чудно што таа има исти симптоми како кај луѓето: замор, кашлица и слабост. Си рековме дека веројатно станува збор за Ковид-19. Тешко, но возможно”.
Интуицијата на крајот се покажала како точна.
Брајан (24) прв ги добил симптомите кон крајот на март.
Тој е работник во петрохемиска фабрика и бил во самопизолација дома, каде што живее со родителите. Неколку денови подоцна неговата мајка Флоренс добила висока температура и се чувствувала исцрпено.
“На тестирањето се покажа позитивна. Додека Флоренс лежеше во креветот, Папил и се приближиваше”, изјавил Брајан.
На крајот и мачката се разболела.
“Не можеше да стои на нозе, кога ја викавме воопшто не реагираше. Едвај ја креваше главата”, раскажал Брајан и додал “ние и го пренеасовме вирусот”.
Папил била тестирана на ветеринарниот факултет во јужниот дел на Париз.
“Преносот од луѓе на животни не е невозможен, но е многу редок”, изјавил директорот на ветеринарниот факултет.
“Не сме забележале ниту еден случај во кој животните заразиле луѓе”, додал тој.