Art & Crafts

Зголемете ја функционалноста на ходникот

Зона за палта, за соблекување и собување на чевли, простор за складирање, за паркирање на велосипедот.

Вака изгледа скоро секој ходник. Но, ходникот е многу поважна просторија во вашиот стан отколку што може да изгледа на прв поглед.

Без разлика дали сте свесни за тоа или не, тоа е место што остава впечаток за сопствениците, нивната естетика, практичност, уредност многу повеќе отколку што изгледа на прв поглед.

Ова е местото каде што се случува љубовта на прв поглед.

Практичен колку што е можно помалку видлив плакар е од суштинско значење за функционалност, затоа е најдобро плакарот да биде направен по мерка, што ви овозможува најдобра можна употреба на просторот.

Принципот ос ѕид до ѕид, бела мат иверка или медиапан, систем за затворање без рачки, ќе создадат невидливост, односно плакарот ќе изгледа како дел од ѕидот, што е особено важно во мали и темни простори без природно осветлување како што се ходниците.

На вакви простори со „невидлив“ плакар, потребно е и огромно огледало стратешки поставено за да го рефлектира и двојно да го зголеми просторот, неколку предмети со карактер како шарени закачалки, убави корпи за складирање, мемо полици и табли за пораки и убава фотографија ќе бидат доволни за да се создаде впечатлив, а во исто време и функционален простор кој ќе зрачи со удобност и љубов кон секој гостин, на прв поглед.

Напиши коментар