Миленичиња

Жената ги користела своите хрчаци за да прикаже секојдневни ситуации, тие се генијални

Додека некои во изолација печеа леб и сложуваа сложувалки, 52-годишната Беверли Борил правеше минијатурен мебел, облека и додатоци за нејзините хрчаци.

Со помош на нејзините глодари, таа ја прикажа работата од дома, купувањето почитувајќи ја социјалната далечина, па дури и лет со балон.

„Бев инспирирана од секојдневните ситуации. Сите перевме многу алишта во изолација, чистевме…

Имав многу време, па направив такви минијатурни сцени. Ми требаа околу четири дена за болницата.

Мојот сопруг ми помогна затоа што со помош на 3Д принтер, направи мали средства за дезинфекција и други детали “, рече Беверли за „Метро“.

Нејзината мајка исплете ќебе за да може да се каже дека целото семејство учествувало.

Кога ќе завршеа одредена сцена, нивните хрчаци Макс и Лулу подготвено позирале.

Таа признава дека требало многу трпеливост и путер од кикирики да бидат мирни.

Нејзината идеја прерасна во Фејсбук и Инстаграм страници Harcourt Hammies каде ги покажува нејзините неверојатни креации.

Напиши коментар