Се што е потребно е …Љубов! “Рекле Битлси и по ѓаволите, толку се во право.
Постои ли Љубов-во сите нејзини димензии, животот е едноставно прекрасен. Има ли љубов во онаа непослушна смисла, човек се чувствува прекрасно не само емотивно, но и здраво. Видете зошто љубовта е многу корисна…
ТАА ВЕ ПОДМЛАДУВА
Докажано е дека оние кои се радуваат на среќна љубовна врска, изгледаат млади. Тоа се должи на зголемената циркулација на кожата, што го стимулира производството на материи важни за убавината и ја наситува со кислород.
ТАА ЈА ПРАВИ ВАШАТА ФИГУРА ПОУБАВА
Не ретко луѓе слабеат, кога се вљубени. Тоа се должи на еуфоријата. Телото е под влијание на адреналинот , а тој има способност да го намали апетитот.
ТАА ГО СПРЕЧУВА СТРЕСОТ
Кога човек е вљубен, гледа многу полесно на животот. Особено кога неговата љубов е возвратена… Тогаш дирекно лета во облаците! Стресот останува во заден план, а оптимизмот се претвора во твој заштитен знак. Тоа се должи на големите количества допамин (хормонот на среќата и трпението) кои се создаваат во организмот на вљубените.
ТАА ШТИТИ ОД ГРИП
Љубовта е нешто како природна вакцина против непријатното расположение. Според новото истражување 5 минути на меѓусебна грижа и поддршка значително го зголемуваат имунитетот. Тоа се должи на зголеменото производство на Имуноглобинот во организмот. Или поинаку кажано телото се наситува со антитела против настинки , грип и други болести.
ТАА НЕ ПРАВИ ПОУСПЕШНИ
Докажано е дека вљубените луѓе кои се радуваат на среќна и комплетна врска, многу добро се справуваат и со професионалните обврски.
Па, потребно ли е да ве убедуваме колку е важно да се сакате?
