Потребни состојки:
За кора
250гр мелени бисквити
100гр путер
2 лажици рум
1 лажичка цимет
За крем:
600мл млеко
6 лажици густин или брашно
4 лажици шеќер
125гр путер или маргарин
За декорација:
200гр кајсии
2 лажици шеќер
1 касичка желатин
Начин на подготовка:
Мелен бисквит, парчиња ладен путер, рум и цимет добро изматете ги и распоредете на тава. Ставете во фрижидер добро да се стегне. Густинот/ брашното и шеќер изматете го во 100мл млеко, а преостанатото млеко ставете го да се вари. Кога млекото ќе зоврие, полека додадете го изматениот густин и мешајте додека не се згусне. Додека е топол кремот соединете го со путер или маргарин. Кога кремот ќе се олади премачкајте ги коритеод мелен бисквит. Растопете желатин на тивок оган, додадете шеќер и кајсии исечени на парчиња и истурете ги врз кремот. Оладената торта исечете ја на коцки. Добар апетит.
