Керозин

Ferrari 250 GTO од 1964 се продава за рекордни $52 милиони

Колку е доволно да се потроши за автомобил? $100.000, $200.000? Милион? Пробајте со $52 милиони. Толку е последниот рекорд за продадено возило. Секако не станува збор за било какво возило, туку за Ferrari 250 GTO, едно од најпосакуваните автомобили некогаш направени. Ферари има направено само 39 од овој уникат, од кои само 33 сеуште постојат. Овој модел влезе во историјата како најуспешен автомобил за тркачките стази кој некогаш бил направен од Ферари.

 

Write A Comment